Robbie Williams е добитник на Brits Icon Award

Почетна / Вести / Музички / Robbie Williams е добитник на Brits Icon Award

По Elton John и David Bowie, специјалната Brits Icon Award ќе му припадне на Robbie Williams, најуспешниот изведувач на Британските музички награди.

Robbie ќе ја прослави наградата со специјален концерт на 7 ноември во Troxy во Лондон кој се очекува да биде прикажан на ITV во декември.

“Вистинска чест е да се добие оваа награда и едвај чекам да ги отпеам песните од новиот албум и од мојот репертоар на 7 ноември. Brit Awards се многу посебни за мене и сум почестен да ја добијам 18 награда во мојата кариера следниот месец”, изјави денес рекордерот во добиените Brits статуетки.

Brits Icon Award е најпрестижната награда во британската музичка индустрија која се доделува на изведувачи чие творештво, песни и настапи оставиле трага на британската култура.

Новиот албум на Robbie Williams, Heavy Entertainment Show, ќе излезе во продажба на 4 ноември.

И ова може да ве интересира

Оставете коментар

in_the_name_of_love_cover_art_by_bebe_rexha_and_martin_garrix1