Отворен ден 2019

Кариерниот центар на СУГС Гимназија „Орце Николов“ Ве поканува на настанот ОТВОРЕН ДЕН на училиштето, на 20.04.2019 година (сабота) од 10:00 до 13:00 часот.
На тој ден, учениците-волонтери и наставниот кадар во училиштето ќе ги информираат заинтересираните деветтоодделенци и нивните родители, за наставните програми и уписот на учениците во прва година. Овој настан е можност идните ученици да остварат непосредна комуникација со наставниот кадар и педагошко-психолошката служба во училиштето и директно да се запознаат со различните активности, проекти и услови за работа.

Линк до Facebook настанот: https://www.facebook.com/events/1107829502723089/

Related Posts

Leave a Comment