Основачот на Earth, Wind & Fire, Maurice White, почина во Лос Анџелес, опкружен од семејството, на 74-годишна возраст. Неговото здравје во последните месеци беше влошено поради долгата битка со Паркинсоновата болест која го измачуваше од 90-тите и поради која се повлече од живите настапи во 1994.
Албумите на Earth, Wind & Fire се продадени во тираж од над 90 милиони примероци, а групата треба да биде одликувана со наградата за животно дело на Греми наградите кои ќе се одржат на 15 февруари. Групата е инагурирана во Рокенрол холот на славните во 2000.
White ја основа легендарната соул-фанк група во Чикаго кон крајот на 60-тите, заедно со своите браќа Verdine и Fred и беше главниот автор и продуцент на групата, а наедно пееше заедно со главниот вокал Philip Bailey. Меѓу големите хитови на Earth, Wind & Fire се вбројуваат “Shining Star,” “September” и “Boogie Wonderland.”
White има освоено 7 Греми награди, пишувал музика за филмови, а како продуцент соработувал со голем број звучни имиња како Chaka Khan, The Emotions и Barbra Streisand.