ПРЕДНОВОГОДИШНА ЗАБАВА 2015

Home / Настани / Во Македонија / ПРЕДНОВОГОДИШНА ЗАБАВА 2015

На 25ти Декември со почеток од 19.30 часот во гимназијата „Орце Николов“ ќе се одржи предновогодишна средношколска забава, која според организаторите е на пат да прерасне во традиција.

На настанот ќе настапат 6 средношколски бендови, меѓу кои Decibell, String Road, Змајови, Црвена Ципела, Шума, F. F. F., а загревањето на атмосверата е препуштен на двајца диџеи.

Настанот, кој е во организација на IT секторот кој оваа година слави 2 години од неговото постоење, е предвиден да трае од 19:30 до 22:30. Картите се во продажба на самиот влез и чинат симболични 50 денари. Во училишниот хол ќе биде поставена и кутија за донации со цел да се разубават празничните денови на оние кои најмногу им е потребно.

Медиумски покровител на настанот е Популарно.мк и Евенто Македонија

Да ја почувствуваме новогодишната еуфорија на уште една одлична забава во Орце!

Related Posts

Leave a Comment