Слушнете ги Eminem и Proof во овој досега необјавен freestyle од 1999

Home / Вести / Слушнете ги Eminem и Proof во овој досега необјавен freestyle од 1999

Во последно време не слушаме ништо ново од Eminem, а тоа и нема и да се промени во брзо време. А дури и да слушнеме нешто ново, нема да биде исто како тоа што го добивме денес.

Tim Westwood објави претходно не објавен freestyle од 1999, со Eminem и неговиот партнер во римите Proof. Оваа 13 минутна сесија – од која дел беше објавен и порано, не враќа во времето на почетокот на кариерата на Eminem, покажувајки го неговиот иникатен стил, талент и чудната хемија со Proof.

 

Westwood, кој е Британски DJ ветеран, неодамна почна да копа по неговите архиви. Лани тој објави дотогаш нечуен freestyle на Jay Z, кој беше исто така од 1999.

 

Потоа, во декември 2015, DJ Eclipse ни го претстави спектакуларниот настап на Eminem и Royce da 5’9″ на “The Halftime Show” од 1998.

Порака до Ди-џеите: Овој тренд треба да продолжи.

Related Posts

Leave a Comment