Rihanna издаде нов албум

Почетна / Вести / Rihanna издаде нов албум

Rihanna го издаде својот нов албум во средата навечер, откако листата со песни ненамерно се појави на стриминг сервисот Tidal на Jay-Z.

“ANTI”, првиот албум на RiRi после речиси 4 години, требаше да биоде издаден на 29 јануари, но поради грешка во системот некои фанови имаа можност да се информираат и да слушнат делови од него два дена порано.

Сето ова се случи само неколку часа откако Rihanna ја промовираше нумерата “Work” во соработка со Drake, како најава за албумот.

Rihanna потоа преку Твитер на фановите им подари линк преку кој може да го слушнат и даунлодираат албумот.

И ова може да ве интересира

Оставете коментар

eminem-proof-99