Star Wars: Најуспешно филмско деби на сите времиња

Почетна / Вести / Star Wars: Најуспешно филмско деби на сите времиња

“Star Wars: The Force Awakens” во режија на JJ Abrams го има најуспешното деби на кино благајните на сите времиња.

Филмот заработи 529 милиони долари од премиерните прикажувања речиси насекаде низ светот, освен во Кина, Индија и Грција.

“Jurassic World” го држеше претходниот рекорд за најуспешно премиерно прикажување во САД (208 милиони долари) и најуспешно глобално лансирање (524,9 милиони долари).

Само во САД филмот заработи рекордни 248 милиони долари. “Star Wars: The Force Awakens” постави нови рекорди и во Велика Британија (50.6 милиони долари) во период од 4 дена, Австралија (19.6 милиони долари), Русија (12.3 милиони долари) и Германија (27.5 милиони долари).

И ова може да ве интересира

Оставете коментар