Музичката икона David Bowie почина во неделата по долгата битка со ракот, само неколку дена откако наполни 69 години и го издаде новиот албум “Blackstar”.
Смртта ја потврди неговиот син неговиот син Duncan Jones, по гласините кои се проширија на Интернет: “Со голема жал и тага мора да потврдам дека е точно.“ Претставник на ѕвездата изјави дека починал по борбата со ракот: “David Bowie почина мирно опркужен со семејството, по храбрата 18-месечна битка со ракот.“
Смртта на музичарот доаѓа по гласините за неговото слабо здравје кои датираат уште од 2004 кога колабираше на сцената на музички фестивал во Германија. По овој инцидент имаше операција на запушена артерија.
Издавањето на неговиот 25-ти студиски албум “Blackstar” се совпадна со неговиот 69-ти роденден во петокот, означен од неговиот продуцент како крај на петдецениската кариера.
“Тој го создаде ‘Blackstar’ за нас – негов подарок за збогум. Веќе една година знаев дека така ќе биде. Сепак, не бев подготвен за ова,“ изјави Tony Visconti.
Албумот наиде на добри критики меѓу фановите кои сметаа дека “Blackstar” е уште едно од неговите повторни раѓања.
Bowie првпат се сретна со Visconti како 19-годишен фолк рокер кон крајот на 60-тите. Неговиот музички стил му задаваше мака на неговиот менаџмент.
“Неговиот издавач бараше помош од мене. Ми рече дека имаат пејач и композитор кого не знаат како да го категоризираат. Секоја песна му е различна, ми кажа изразувајќи надеж дека ќе работам со него за да го канализирам во еден стил,“ се сеќава Visconti.
Тоа никогаш не се случи. Bowie успешно жонглираше меѓу стиловите и жанровите, во зависност од деценијата. А, по издавањето на неговиот прв голем хит “Space Oddity” од 1969 никој не можеше да го помеша со некој друг.
Неговиот албум “The Rise and Fall of Ziggy Stardust and the Spiders From Mars” го означи раѓањето на неговото истоимено алтер-его. Пред публиката се претстави со соодветен имиџ: футуристични костими, силна шминка, играње со родовата припадност и бојадисана коса како контрапандан на хипи движењето во доцните 60-ти.
Во 70-тите доминираше на топ листите со серија култни класики меѓу кои “Rebel Rebel”, “Young Americans” и “Changes”.
Но, откако таа ера заврши тој го промени својот андроген, глам Ziggy Stardust имиџ со стил кој беше повеќе прикладен и приземен на новата MTV ера со поп хитови како “Modern Love” во 80-тите.
Музиката не беше доволна за муилти-талентираниот Bowie кој играше и во повеќе филмови, меѓу кои научно-фантастичната драма од 1976, “the Man Who fell To Earth”. Играше и во театар, како во претставата “Elephant Man”.
Неговите експерименти продолжија и во 90-тите. Тој повторно се поврза со Brian Eno, на албумот “1.Otside”, под влијание на научната фантастика и црниот бран. Неговиот албум од 1997, “Earthling”, пак се сврте кон ерата на електронската денс музичка сцена.
Последен пат настапи јавно во 2006 кога изведе три песни на хуманитарниот настан за фондацијата Keep a Child Alive во Њујорк.
Во 2013 го издаде албумот “The Next Day”, враќајќи им се на глам рок звувите од 70-тите со горки мисли за смртноста. Песните на последниот албум “Blackstar” како теми ги имаат славата, духовноста, смртта и трансформациите.
Bowie беше во брак со супермоделот Iman од 1992. заедно ја имаат ќерката Alexandria Zahra Jones, родена во 2000. Од бракот со американската манекенка и актерка Angela Barnett го има синот Duncan Jones.