За да се задржи духот на оргиналната “Star Wars” трилогија, режисерот Ј.Ј. Abrams постави јасна изјава за користењето на ефектите во филмот. А и престојните филмови на франшизата почнуваат да се раководат по таа идеологија – толку многу што режисерот на „Episode IX“ Colin Trevorrow сака буквално да го однесе неговиот филм во вселената.
На Sundance филмскиот фестивал, Trevorrow откри дека ја предложил идеата IMAX сцените да се снимаат „на локација“.
“Јас прашав, „Дали е возможно да се снима IMAX во вистинската вселена за „Star Wars“ тој вели. „Сеуште не сум добил одговор, но досега веќе имаат снимано IMAX во вселена!“
Режисерот Christopher Nolan, кој исто така настани на истата трибина, кажа дека тоа е возможно од технички аспект – тој можеше да интегрира снимки од вселената во неговиот блокбастер од 2014 „Interstellar“.
На истата трибина Trevorrow откри и дека за да додаде на реализмот тој сака да го снима филмот аналогно (на филмска лента), а не дигитално (како што направи со ланскиот „Jurassic World“). Ова се рамни и со „The Force Awakens“ на Abrams и „Episode VIII (2017)“ на Rian Johnson, кои исто така се снимани аналогно.
„Единственото што неможам да го снимам комплетно дигитално е периодичен филм,“ Trevorrow објаснува. „Нешто во мозокот ми кажува, „Тогаш немале камери.““ тој вели. „Филмовите не потсеќаат на сеќавања, од нашите детства, на начинот кој ги гледавме филмовите.“
„Јас никогаш не би можел да снимам „Star Wars“ на ништо друго освен на филмска лента, бидејки тој е периодичен филм.“ Trevorrow продолжува.
„Episode IX“ не доаѓа во кината до 2019, што значи дека ќе треба да почекаме за да видиме дали овој амбициозен вселенски концепт ќе победи во Disney и Lucasfilm. Дали е храбра идеа? Се разбира. Дали може потенцијално да го уништи буџетот на филмот? Веројатно. Но, ова е „Star Wars“ филм – ако они неможат да го завршат, тогаш кој друг може?