“Thriller” влезе во историјата

Home / Вести / “Thriller” влезе во историјата

Култниот “Thriller” на Michael Jackson стана првиот албум кој достигна 3-кратен мулти платинест тираж во САД, зацврстувајќи го неговото владеење како најдобро продаваниот изведувач на сите времиња, со глобален тираж од над 100 милиони примероци на “Thriller” и над 1 милијарда севкупно.

Ова ремек дело, продуцирано од Quincy Jones и Michael Jackson, освои рекордни 8 Греми награди, повеќе од било кој друг албум, и продолжи да освојува награди и поставува на нови стандарди од неговото издавање во ноември 1982.

“Thriller” помина речиси 2.5 години на Билбордовата албумска листа и го држи рекордот од 37 недели минати на 1. позиција.

Самопрогласениот Крал на поп музиката Michael Jackson има остварено тираж од над 1 милијарда примероци на своите изданија, 13 бр.1 синглови и е еден од ретките музичари кои двапати бил инагуриран во престижниот Рокенрол хол на славните. Според Гинисовата книга на рекорди, тој е најуспешната личност во забавната индустрија на сите времиња, а “Thriller” е најдобро продаваниот албум на сите времиња.

Related Posts

Leave a Comment