Warning: "continue" targeting switch is equivalent to "break". Did you mean to use "continue 2"? in /home/orceedu/public_html/radio/wp-content/themes/ken/framework/php/ReduxCore/inc/extensions/customizer/extension_customizer.php on line 376

Warning: "continue" targeting switch is equivalent to "break". Did you mean to use "continue 2"? in /home/orceedu/public_html/radio/wp-content/themes/ken/framework/php/ReduxCore/inc/extensions/customizer/extension_customizer.php on line 398

Warning: "continue" targeting switch is equivalent to "break". Did you mean to use "continue 2"? in /home/orceedu/public_html/radio/wp-content/themes/ken/framework/php/ReduxCore/inc/extensions/customizer/extension_customizer.php on line 416

Warning: "continue" targeting switch is equivalent to "break". Did you mean to use "continue 2"? in /home/orceedu/public_html/radio/wp-content/themes/ken/framework/php/ReduxCore/inc/extensions/customizer/extension_customizer.php on line 420

Warning: "continue" targeting switch is equivalent to "break". Did you mean to use "continue 2"? in /home/orceedu/public_html/radio/wp-content/themes/ken/framework/php/ReduxCore/inc/extensions/customizer/extension_customizer.php on line 447

Warning: "continue" targeting switch is equivalent to "break". Did you mean to use "continue 2"? in /home/orceedu/public_html/radio/wp-content/themes/ken/framework/php/ReduxCore/inc/extensions/customizer/extension_customizer.php on line 459

Warning: "continue" targeting switch is equivalent to "break". Did you mean to use "continue 2"? in /home/orceedu/public_html/radio/wp-content/themes/ken/framework/php/ReduxCore/inc/extensions/customizer/extension_customizer.php on line 478

Warning: "continue" targeting switch is equivalent to "break". Did you mean to use "continue 2"? in /home/orceedu/public_html/radio/wp-content/themes/ken/framework/includes/minify/src/Minifier.php on line 227
Netflix: Датуми на премиери на ТВ серии за 2016 | Radio Club 100

Netflix: Датуми на премиери на ТВ серии за 2016

Почетна / Вести / Netflix: Датуми на премиери на ТВ серии за 2016

Онлајн сервисот или интернет телевизијата Netflix, ги објави датумите на премиери на своите оригинални серии што ќе ги гледаме годинава на истиот. Меѓу нив се нови серии и серии кои што се враќаат со нови сезони, почнувајќи од февруари, па сè до август.

Покрај сериите на листата подолу, Netflix најави и нова сезона на Marvel’s Jessica Jones, како и нова сезона на британската серија Black Mirror, чии датуми на премиери сè уште не се познати.

Серии што се враќаат со нови сезони:

House of Cards (4-та сезона) – 4 март

Daredevil (2-ра сезона) – 18 март

Unbreakable Kimmy Schmidt (2-ра сезона) – 15 април

Grace and Frankie (2-ра сезона) – 6 мај

Orange is the New Black (4-та сезона) – 17 јуни

Нови серии:

Love – 11 февруари

Новата серија на Џуд Апатоу (The 40-year-old Virgin, Pineapple Express, Knocked Up, Girls) ги следи Гас и Мајки преку кои ќе прикаже реален поглед на дејтингот и љубовните врски. За сега се нарачани две сезони од по 10 сезони, а во главните улоги на оваа романтична комедија ќе ги видиме Џилијан Џејкобс (Community) и Пол Раст.

Fuller House – 26 февруари

Повеќе од 20 години по завршување на семејната комедија Full House, Netflix ја возобновува истата, под насловот Fuller House.

Flaked – 11 март

Вил Арнет е гуру за само-помош, кој сетруди да остане чекор понапред од своите лаги. Како продуценти на Flaked се потпишува токму Арнет и Мич Хурвиц (Arrested Development).

The Ranch – 11 април

Комедијата со Ештон Кучер ќе ни прикаже сторија за пропаднат полу-професионален рагби играч, кој по пропаѓање на кариерата се враќа дома во Колорадо каде ќе треба да помогне на семејството да го води ранчот. Во серијата ќе глуми и Елиша Катберг (24).

Kong: King of the Apes – 15 април

Ова е првата анимираната серија на Netflix, од многуте што ќе следат.  Серијата е сместена во 2050-та година, кога Конг станува баран бегалец по хаосот во Природно-научниот резерват на Алкатраз. Но луѓето не знаат дека Конг беше наместен од страна на злобен генијац кој има планови за теориризирање а светот со армија на огромни роботски диносауруси. А единствениот ѕвер способен да ги сопре и да госпаси светот е Кинг Конг – кој мора да се потпре на помошта на три деца што ја знаат вистината.

Marseilles – 5 мај

Првата француска серија на Netflix е приказна за моќ и корупција, во францускиот крајбрежен град. Се фокусира на гладоначалникот Роберт Таро, кој последниве 20 години е првиот човек на градот. Претстојните избори ќе ги соочи Таро и неговиот следбеник во борба за власта. Ќе го гледаме Жерард Депардје во главната улога.

Stranger Things – 15 јули

Оваа драма хорор/трилер серија се состои од 8 едночасовни епизоди, а ќе ја раскаже приказната сместена во 80-тите за исчезнато момче. Како што неговото семејство, пријателите и локалната полиција ќе бараат одговори, ќе се соочат со мистерија што вклучува тајни експерименти, страшни натприродни сили и чудно мало девојче. треба да се  Серијата ја креираа Мет и Рос Дуфер (Wayward Pines, Hidden), во која главната улога ја толкува Винона Рајдер.

The Get Down – 12 август

Музичката драма сместена во 70-тите во Њујорк, ќе ја раскаже приказната за група тинејџери од Бронкс кои не поседуваат ништо освен вербални игри, импровизирани танц-чекори и спреј во боја. Серијата на визионерот Баз Лурман (Romeo + Juliet, Moulin Rouge, The Great Gatsby) ќе го прикажа раѓањето на хип-хопот, панкот и диското во Њујорк – во тоа време град на работ на банкрот.

И ова може да ве интересира

Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/orceedu/public_html/radio/wp-includes/class-wp-comment-query.php on line 405

Оставете коментар

459473-michael-jackson-cuz-this-is-thriller-michael-jackson[1]